Инспекторите на ДСЗИ на терен, вршат надзор за последниот случај на бебето починато на Детската клиника во Скопје. Во четвртокот новороденче од Струмица било донесено во тешка здравствена состојба.
Од ДСЗИ велат по направениот увид, ќе состават извештај, што констатирале на терен. Ќе се утврдува дали имало пропусти и на Детската клиника и во струмичката болница. Од Здравство велат согласно информациите од Клиниката за детски болести новороденчето било пренесено од Струмица по неколку дена поради инфекција дома, каде што сите членови на семејството биле заболени. Било примено на Клиниката за детски болести во тешка состојба, со дијагностицирана тешка сепса вели директорот на клиниката Мемеди.
Ова е втор случај на бебе починато на Клиниката за детски болести во Скопје во последниов месец. Минатиот месец почина 14-месечено бебе по што двајца лекари беа суспендирани.