Според последната одлука на РКЕ, цените на бензините се намалуваат за 1.5 денари од литар, додека дизелот за 0.5 денари.

Сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/литар, додека на дизелот 68.5 денари од литар.

Поевтинува и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по 43 денари, додека екстралесното масло за домаќинство исто така поевтинува за еден денар, и од утре ќе изнесува 68 денари.