ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(33) и К.М.(31), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 26.05.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените, при што биле пронајдени кокаин и пари.