Повисоки плати во образованието од овој месец, најави премиерот Мицкоски. Додаде дека во април 2025 година, практично со мартовската плата, ќе има зголемување за дополнителни седум проценти. Во април 2026 година, од 7 ипол до 10 проценти, како што посочи премиерот, во зависност од кондицијата на буџетот.

Април за март 2027 година, повторно 7 ипол до 10 отсто и веќе април 2028 за март 2028 година – од 10 до 12 ипол проценти. Така што, минимум во овој дијапазон временски, платата ќе биде на просечна во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 отсто, што мислиме дека навистина ќе дојдеме до едно пристојно ниво, истакна премиерот.

Тој смета дека не е доволно, но тоа било во рамките на можностите. Бидејќи во моментот, ако просечната плата во државата е повеќе од 41 илјада денари, во образованието е 9 илјади денари помалку, околу 32 илјади денари, додаде Мицкоски.