Во акција на граничната полиција во Дојран вчера беше спасено лице да не се удави во Дојранско Езеро, јави Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Струмица извести дека вчера во 11.08 часот добиле пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

Веднаш е известена ПС Гевгелија и Граничната полиција која беше на терен и го извлече лицето кое е здраво и живо, а извлечен бил и неговиот чамец, соопштија од ЦУК.