За само еден ден доделени речиси 80 отсто од ваучерите за инвертер клима уреди. Граѓаните можат да ги искористат најдоцна до 30 ноември.

Ваучерите се доделуваа на 30 локации низ државата, вклучувајќи го и спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Во градовите како Струга, Радовиш и Кичево, повеќе од 90% од ваучерите беа подигнати во текот на вчерашниот ден.

Министерството најави и дополнителна флексибилност за граѓаните кои не успеале да ги подигнат ваучерите во рок. Проектот, кој предизвика голем интерес кај граѓаните, беше организиран преку два јавни повици за ранливи категории и за енергетска ефикасност.

Дел од граѓаните се жалат на доцнење во доделувањето, што делумно се должи на префрлањето на надлежноста од Министерството за економија на Министерството за енергетика.