Над четири илјади полицајци и жандармерија во полна подготвеност во пресрет на натпреварот Франција-Израел на олимпискиот Стад де Франс. Поради насилствата во Холандија, по мечот Ајакс-Макаби стравувањата се оправдани и во Париз. Натпреварот е од висок ризик, околните продавници ќе бидат затворени.

Најавени нереди за во четврток

Полицијата е во полна подготвеност. Жителите велат дека има електромагнетски врати кои автоматски цел ден ќе бидат затворени поради безбедноста на луѓето. Веќе се упатуваат апели и предупредувања да не се излегува премногу на улица.

Нереди и во Холандија заради спортски натпревар

Во Амстердам синоќа продолжија насилните протести во знак на поддршка на палестинците во Газа. Според полициските снимки, насилниците извикувале „Слободна Палестина“. Трамвај беше запален, за среќа во возилото немало патници. Уапсени се тројца демонстранти. Нема оправдување за антисемитизмот, изјави холандскиот премиер.

„Во земјава, се зголемува бројот на луѓето кои не можат да разберат што се случува во Газа. И за нив треба да има разбирање, да се разговара. Но, не можете да го направите помал отколку што е. Нема оправдување или извинување за насилство врз Евреите“, изјави Дик Скуф-премиер на Холандија.

Пред и по натпреварот имаше нереди.

Забрана за пропалестински протести во Холандија

Пропалестинските протести се забранети во Холандија во наредните денови. Во последната година, по војната во Газа, во Европа се зголеми бројот на инцидентите поврзани со антисемитизмот.