Ахмети со провокации

И покрај тоа што е постизборен период во државава, партијата на Али Ахмети се однесува како да е во изборна кампања. Во недостаток на соодветни аргументи и програма што би сакала да понуди, Демократската унија за интеграции продолжува со шовинизам и разгорување ниски страсти. Вчеравечер од Шуто Оризари лидерот на ДУИ, Али Ахмети повторно ја подгреа меѓуетничката тензија со изјавата дека „доколку се допре албанскиот јазик, тогаш сите Албанци ќе бидат на нозе“. Ахмети со ова алудираше на протести, но можеби и на дестабилизација.

Обид за дестабилизација

За ваквата дестабилизација, премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски предупредија за дестабилизација од страна на ДУИ.

Опасен заговор за дестабилизација: ДУИ и моќници со акумулиран капитал од 7 цифри во евра можат да поттикнат немири во Македонија, но владата е подготвена да дејствува, вели премиерот Мицкоски

Мицкоски му одговори на Ахмети

Мицкоски категорично му одговори на Ахмети. Премиерот вели дека ваквата, воинствена реторика од страна на Ахмети носи само немири и нестабилност. Сепак премиерот смета дека на ваквите провокации нема да наседнат Албанците.

Албанците и сите граѓани во земјава се свесни за сето она што го направија тој и тие неколкумина околу него во изминатите дваесет и повеќе години додека беа на власт, вели премиерот и додава дека веќе е навикнат на ваквите изјави на Ахмети.

Мицкоски првиот човек на ДУИ, Али Ахмети го опиша како човек кој секојдневно продолжува да биде фактор на нестабилност. Премиерот рече дека и меѓународните фактори се загрижени за можните ескалации во Македонија.

Закон за јазици

Ваквата преписки меѓу Мицкоски и Ахмети следуваат откако Ахмети ја обвини власта ги уништува сите досегашни постигнувања во државата. Ахмети обвинува дека доколку се укине Законот за јазиците сите Албанци ќе бидат на нозе.