Германско-холандскиот производител на висококвалитетна спортска опрема „Бреинчајлд“ го проширува производството и отвора нов капацитет. Во индустриската зона Жабени во Битола ќе изработува крила, едра и друга опрема за летање и сурфање. „Бреинчајлд“ има две подружници. Едната веќе инвестира во развој и набавка на нова современа опрема и машини, другата ќе произведува опрема и елементи.
Продолжува инвестицискиот бум во Македонија: Американски Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра
Компанијата доби државна помош од Владата. Потпишани два инвестициски договори. Премиерот Мицкоски соопшти дека ќе се вложат над 11 милиони евра. Ќе се вработат над 240 луѓе, а овој инвестициски циклус треба да почне во 2025-та година и да финишира за 5 години.
Опозициската СДСМ го обвини премиерот Мицкоски дека се кити со туѓи перја.