Родителите гневни на одлуката на Директорката на Основното училиште 11 Октомври да го прими детето кое е избркано од повеќе училишта поради насилство. Согласно Упатсвото за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите за насилство, злоупотреба и занемарување и според насоки дадени од МОН, ООУ„Лазо Ангеловски“ доставува ургентно известување во врска со несоодветното однесување на ученик до Сектор за образование на општина Аеродром и Сектор за образование на општина Центар (конкретно за ООУ“11 Октомври) со кое бара да се произнесат училиштата дали ќе го примат ученикот. Како последна мерка согласно Упатството е мерката ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА УЧЕНИК ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ.

По однос на барањето сите училишта на територија на општина Аеродром и училиштето 11 Октомври се произнесуваат негативно, односно ниту едно училиште не го прифаќа ученикот. По добиените негативни одговори од страна на сите учикишта, ООУ Лазо Ангеловски го префрла ученикот на далечинско учење (онлајн настава) и за истото ги известува сите надлежни институции.

Во меѓувреме под притисок на градоначалникот Герасимовски директорката на 11 Октомври дава согласност на родителите ученикот да биде примен во нејзиното училиште, родителите ја носат согласноста во ООУ„Лазо Ангеловски“ и на ученикот денес му е издадена преведница од страна на ООУ„Лазо Ангеловски“ за упис во ООУ“11 Октомври“.Родител на проблематичното дете бил поранешен началник во МВР. Утре е закажан итен состанок на советот на родители.