На завчерашното судење, одбраната на Палевски, првоосомничен во случајот, тврдеше дека тој не бегал од државата, бидејќи легално заминал прво во Белград, а потоа и во Турција.
Според сведокот Стојков, Палевски не бил сигурен каде бил на денот на исчезнувањето на Вања. Според исказот на нејзината тетка, во деновите кога траела потрагата по девојчето, нејзиниот татко побарал да му пишат на Илон Маск, со неговите сателити да ја лоцираат Вања.
Меѓу сведоците беа членови и симпатизери на партијата „Десна“. Потврдија дека поседувал пиштол кој секогаш го чувал во близина, а го носел како заштита, откако бил нападнат пред својот дом.