Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.
Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.
„Скопје1“ за излетаниот автобус на патот кон Булачани побара информации и од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, од кого очекуваме одговори. Детали побаравме и од МВР, особено за тоа, дали случајот е пријавен во полиција.