Продолжуваат неоснованите критики од опозициските партии за унгарскиот кредит. Тие упатуваат критики на контото на премиерот Мицкоски, но не нудат никаква алтернатива. Пратениците имаат работен викенд каде вчера беше третиот ден од гласањето на буџетот.
Премиерот Мицкоски повика на општествена одговорност
Недела на одлука – пред средбата со банкарите, премиерот Мицкоски ги повика да покажат општествена одговорност. Власта викендов седнува на маса со нив во обид да ги испеглаат разликите околу каматите за парите, наменети за компаниите од унгарскиот заем. Мицкоски не сака да го прогнозира исходот од состанокот, но се надева на отворена дискусија.
Како банкарите ќе одговорат на повикот на власта?
Неизвесно е како банкарите ќе одговорат на повикот на власта. Досега е познато дека само една банка покажала подготвеност да субвенционира дел од трошоците, кај останатите немало големо расположение.
Премиерот предупреди дека економската состојба не е најповолна поради кризата во Германија, којашто може да предизвика домино ефект. Економски развој е можен само со инвестиции, вели Мицкоски.
Најавени нови инвестиции
Премиерот најави две нови инвестиции во автомобилскиот и градежниот сектор, вредни до 50 милиони евра коишто треба да креираат 500 работни места.
Зошто на Владата ѝ е потребен заем од Унгарија?
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во текот на претходниот месец се надоврза на премиерот Мицкоски велејќи дека унгарскиот заем ќе биде за наменет за економијата. Стојаноски објасни на што ќе бидат потрешени парите од владата на Унгарија и обелодени три главни намени: Дел од средствата ќе одат за сервисирање на буџетот, дел ќе биде наменето за стопанството и дел ќе биде за проектите од општините.
Деструктивност од СДСМ и Левица
Во меѓувреме, продолжува деструктивното работење на СДСМ и Левица кои и овој закон го оспорија велејќи дека на Македонија овој заем ѝ е непотребен притоа не нудејќи никакво решение.