Приведени 11 лица

11 лица се приведени во Нови Сад, меѓу кој и поранешниот Министер за градежништво, Зоран Весиќ, кој по притисокот во јавноста, поднесе оставка неколку дена по несреќата. Меѓу уапсените се и неговата помошничка, задолжена за железничкиот транспорт, Анита Димоски, Јелена Танасковиќ, која вчера поднесе оставка од местото в.д, директор на железничката инфраструктуира на Србија како и нејзиниот претходник. Од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад велат дека сите се сомничат за тешки дела против општата безбедност и неправилно и небезбедно извршување на градежни работи. Досега сослушани се 66 лица а на распит чекаат уште петмина.

Вишо Јавно Обнвинителство во Нови Сад:

„По прибирање и детална анализа на целата потребна документација, разговори со поголем број граѓани, како и по извршеното вештачење за утврдување на причината и околностите под кои паднала настрешницата, кое е доставено до обвинителството на 20.11.2024 година. година, и запознавање со наодите и мислењето на стручни лица од градежната струка, по налог на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, вкупно единаесет лица се уапсени и приведени. “

Поранешниот српски министер негира дека е уапсен и тврди дека сам се јавил во полиција, веднаш откако бил информиран дека обвинителството го сомничи за несреќата…

Зоран Весиќ – поранешен Министер за градежништво на Србија:

„Не бев уапсен, доброволно се јавив на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои доведоа до несреќата во Нови Сад. Ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани.“

Двајцата повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се во малку подобра состојба, но борбата за нивниот живот продолжува, велат од клиничкиот центар во Војводина.

Двајца пациенти се уште се во тешка состојба

Двајца пациенти се уште се во тешка состојба, но можам да кажам во стабилна тешка состојба. Она што е важно е пациентите да се следат 24 часа на ден од мултидисциплинарен тим, да се вршат хируршки процедури. Но мора да бидеме внимателни со прогнозата бидејќи може да се развијат секундарни компликации. Без разлика на тежината на повредите, постои оптимизам. “

И покрај апсењата, српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад. Пратениците И советниците утринава повторно не дозволуваа влез во објектот. Полициски кордон, во полна опрема за разбивање демонстрации е поставен пред судот а полицијата има и внатре во зградата.