„Црната листа е многу динамична“

Корупцијата во земјава сè уште е широко распространета и слаба точка за развој во сите области. За да има соодветни судски завршници и казни за сторителите, американската амбасада за првпат во регионот е иницијатор на создавање правосудна мрежа.

Американската амбасадорка Ангела Агелер потврди дека се разгледуваат случаи и имиња за санкции, а се осврна и на проблемите со корупцијата

 

Членовите на ова тело ќе бидат поканети врз основа на нивното искуство и посветеност. Американската амбасадорка најави дека ќе има нови имиња на т.н. црна листа на лица што американската администрација ги посочува како сторители на корупција.

„Црната листа е многу динамична. Постојано се разгледуваат и се дискутира за нови имиња. Немам точно време кога ќе бидат објавени, оти тоа е одлука на Вашингтон. Но, ве убедувам дека и во моментов кога зборуваме има одреден број имиња што се под разгледување и, како секогаш, тежнееме да додадеме нови“, изјави амеиканската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Сузбивање на корупцијата

За сузбивање на корупцијата, Владата ќе создаде механизми за спречување и за барање отчетност на сторителите на корупција.

„Ова ќе биде возможно само преку системски реформи и преку создавање институции кои транспарентно ќе работат за доброто на јавноста. Прво спроведуваме системски ревизии во сите јавни институции. Целта на ова е едноставна, треба да идентификуваме несоодветно однесување и тие да ги повикаме на одговорност. Преку детектирање и адресирање корупција на високо ниво ќе направиме да биде јасно дека никој не стои над законот. Второ, го дополнуваме Кривичниот законик за да го усогласиме периодот на застарување на делата поврзани со корупција со европските стандарди и да обезбедиме дека нашата рамка за борба со корупцијата е во согласност со најдобрите меѓународни стандарди“, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење и транспарентност.

Една од мерките за намалување на корупцијата ќе биде и одземање на незаконски стекнат имот од коруптивни активности, најавуваат најповиканите за борба со корупцијата.