Не престанува циркузот во македонското Собрание предизвикан од лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Наместо аргументи во законодавниот дом денеска имаше циркуз каде повторно во центарот на вниманието беше пратеникот и лидер на Левица. Тој најпрво влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев. Тој фрли и слушалки накај него, се обиде и физички да се пресмета.
Во мешаницата во Собрание беше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Апасиев видно изнервиран наместо со аргументи проба со физичка сила да се пресмета со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. Според медиумите, Апасиев видно изнервирал му се дерел на Јованчев и го споменувал неговото семејство.
Освен Апасиев, се вмеша и пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Тој влезе во конфликт со пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Велјановски, па за малку не си разменија тупаници.
Се вмеша и собранискиот спикер Африм Гаши со цел да ја смири ситуацијата даде пауза. На крајот, интервенираше и собраниското обезбедување.