Утрово во српското собрание настана целосно хаос кога дојде до судир меѓу пратениците од власта и опозицијата. Денеска, како и многупати досега, опозицијата направи скандал.

Пратениците на српскиот парламент денеска ја почнаа расправата за предлог-буџетот за 2025 година и пропратните закони, а на дневен ред на седницата има околу 50 точки.

Во Собранието на Србија дошло до физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата, бидејќи опозиционерите по усвојувањето на дневниот ред најпрвин подигнале транспаренти, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога членовите на Владата влегоа во салата.

До моментов се уште состојбата не е вратена во контрола.

Прво дојде до туркање, а потоа и физичка пресметка меѓу Бојан Торбица од Социјалистичкото движење и претседателот на ССП, Драган Ѓилас.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ го повика обезбедувањето да влезе во салата и тие се обидоа да ги смират пратениците.

Брнабиќ потоа се симна од фотелјата и ги повика пратениците да се вратат на своите места.

Набрзо пратениците се вратија во столчињата, но расправата не продолжи, пратениците на опозицијата се уште стојат.