Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека колабирал и завршил во болница, откако вчера се споделуваше информација на социјалните мрежи дека доживеал срцев удар.
Таравари објави дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.
„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги сѐ уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, напиша Таравари на социјалните мрежи и се заблагодари за грижата и добрината на граѓаните.