Една година од убиството на малолетната Вања Ѓорчевска. Во тек е судскиот процес, јавноста чека одговор зошто девојчето беше убиено, кој стои зад злосторството. Првоосомничен е Љупчо Палевски Палчо, на обвинителната клупа се Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видоевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.
Во обвинението се наведува дека на 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски-Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице.
Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот прешлен.
Обвинителите пред два дена соопштија дека имаат материјални докази оти Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски.
Според обвинението, таа беше киднапирана на 27-ми ноември 2023 година од влезот на нејзината зграда, а потоа убиена.