Министерот Тимчо Муцунски оствари средба сл новоизбраниот заменик – генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.
Муцунски ѝ упати честитки
На средбата ѝ упатив искрени честитки за изборот на оваа висока и значајна функција, која претставува признание за нејзиниот досегашен ангажман, но и за државата како активна и посветена членка на НАТО.
Изразив уверување дека нејзината улога ќе придонесе за дополнително зајакнување на Алијансата и унапредување на соработката меѓу земјите членки. Потврдив дека како членка на НАТО, остануваме целосно посветени на заедничките цели и вредности, активно придонесувајќи кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, напиша Муцунски