Скопјани бараат одговорност од градоначалничката Данела Арсовска

На парламентарните избори на 8 мај, граѓаните јасно ја изразија својата незадоволност од Данела Арсовска. Според ВМРО-ДПМНЕ. резултатите покажуваат дека скопјани не се задоволни од нејзиното лидерство и бараат функционален и одговорен градоначалник.

„Граѓаните чекаат решенија, автобуси и одговорно раководство, а не празни ветувања и апстракции“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Реформите се само „на хартија“

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ветените реформи во Град Скопје не се реализирани и дека тековната состојба наметнува чувство на стагнација. Според нив, додека во изјавите на Арсовска „автобусите пристигнуваат на време“, реалноста покажува дека граѓаните продолжуваат да чекаат во редици.

„Во главата на Арсовска, Скопје функционира совршено, но реалноста е сосема поинаква. Секоја изјава на Арсовска е само празна реторика, исполнета со апстракции и недостижни ветувања.“


Незадоволство кај вработените во Град Скопје

Еден од најголемите проблеми е и менаџирањето на персоналот. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека повеќе од 500 вработени секојдневно изразуваат незадоволство од начинот на кој се води институцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Арсовска мора да престане да се крие зад институцијата Град Скопје.

„Град Скопје не треба да биде инструмент за утеха на личните фрустрации на градоначалничката. Ова водство е само драматизација без конкретни решенија“, велат од партијата.


Граѓаните бараат итни промени

Скопјани, според ВМРО – ДПМНЕ, се наоѓаат во состојба на неизвесност, очекувајќи решенија за долгогодишните инфраструктурни и социјални проблеми.

Сето ова, според ВМРО-ДПМНЕ, е само театралност од страна на Арсовска. Таа, велат, не може да го сфати суштинскиот проблем – дека на Скопје му е потребен одговорен и способен лидер, а не личност со политичка неефикасност.“

„Секој изминат ден покажува дека Арсовска не може да ги реши проблемите, па затоа најдобро би било да го ослободи местото за некој кој ќе работи“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.