Тошковски потенцираше дека вечерта и покрај целото однапред осмислено сценарио во Скопје немало никакви поголеми инциденти.

Немаме тешки телесни повреди, немаме убиство, немаме обиди за убиство, немаме кршење излози и влегување во приватен имот, кршење деловни објекти. Немаше такво ништо ниту во Скопје, ниту во Куманово, ниту пак во друг град, вели Тошковски.

Министерот смета дека постоеле соодветен број на полициски службеници кои интервенирале вечерта при прославата на албанското знаме.

(ВО ЖИВО) Тошковски за Радио Лидер: Не им успеа обидот за дестабилизација, ниту еден од уапсените не е постар од 20 и неколку години

Првиот човек на МВР информира дека сите немири се случиле при повлекување од најавената прослава. Во моментот на прославата која беше најавена од МВР немаше никакво загрозување на законот.

Сите кои ги запалија знамињата се уапсени и за нив има соодветна пријава. Нормално е на секоја акција, да има реакција, вели Тошковски за Радио Лидер.

Тошковски информира дека има 17 уапсени од кои 13 лица се уапсено за сквернавење на македонски симболи, едно лице е уапсено за палење на српско знаме, а три лица се уапсени за палење на албанско знаме во Прилеп.

Тој одговори на критиките од другите политички партии

Знаете дека сте на вистинската страна кога СДСМ, ДУИ и Левица те напаѓаат. Која е тезата на ДУИ? Тие велат дека полицијата реагиарла жестоко и ги испровоцирала граѓаните да го скинат знамето. Другиве СДСМ и Левица велат дека полицијата премногу меко реагирала и затоа уапсила 17 лица. А што требаше да направиме? Да не ги уапсиме? Ова ни се случува затоа што претходно не го спроведуавле законот, вели Тошковски за Радио Лидер.

Тошковски вели дека МВР била на висина на задачата, а станува збор за однапред осмислено сценарио.