Утрово со министерот Панче Тошковски ги откривме сите детали за прославата на Денот на албанското знаме. Министерот одговори за можниот обид за дестабилизација и целото однапред смислено сценарио, но и како полицијата се справува со апсење на оние кои ги прекршиле законите.

Дали е можно апсење на Артан Груби?

Артан Груби вчера изјави дека полицијата ги провоцирала луѓето кои излегле на прославата на Денот на албанското знаме. Вреди пак доставиле докази дека инволвираните имаат вмешаност со Артан Груби. Нивните фотографии се јавно достапни со Артан Груби.

Новинарот Љупчо Златев упати директно прашање до министерот Тошковски.

Очигледна е поврзаноста на Груби со овие луѓе кои палеа албанско знаме, дали ќе го повикате во полиција како потенцијален организатор на настаните“, прашува Златев.

Министерот со краток одговор.

Не би сакал да отркивам дополнителни информации со понатомошниот дел на истрагата, рече министерот Тошковски и не ја отфрли можноста за апсење или санкционирање на Артан Груби.

Тошковски повика да се смират страстите

Министерот повика на разум и да не се разговруваат политичките страсти во државата

Мораме да повикаме на разум, нормалност, вредност, власта треба да ги менаџира проблемите, а опозицијата да критикува. Откако ѝ објаснивме на јавноста дека нашата реакција била соодветна и дека намерата била да се судрат со полицијата очигледна била намерата дека се очекувани поголеми инциденти.

На новинарско прашање за пукање со автоматски пушки вели дека се слушнати на видеата рафални пукатноци, но сепак не се пронајдени докази за пукање со автоматско оружје.