Претседататлката на Судскиот совет Весна Дамева демонстративно си поднесе оставка од местото претседател на Судскиот совет, едно од најважните институции од кои зависи независносна на судството. Во времето на Данева, довербата во судството беше на ниво на статистичка грешка, пренесува Република.
Е таа истата Дамeва на последниот работен ден се сети дека премиерот Мицкоски и правел притисок.
Претседателот на Владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некави кланови и се фалсификуваат записници. Заради заштита на угледот на Судскиот совет и во насока на законито постапување, јавно го повикувам Претседателот на Владата да ги достави доказите веднаш до ОЈО кои како што од собраниската говорница наведе дека ги има, а се однесуваат на фалсификување на записници во Советот, во спротивно сметам дека треба јавно да се извини на Советот.
Е истата оваа Дамева гордо позираше со премиерот кој како пупка го отвори судстовото во Македонија. Тогаш на Дамева не и пречеше фотографијата со Заев.
Тоа се тие очи широко затворени, и гледање само тоа што сакаш да го видип. Да не се заборави и дека Дамева е предлог на Пендаровски и оти никогаш не работела како судијка туку била стручен соработник кај Добрила Кацарка. Убаво друштво.