Митева: Не гледаме објективност на барањето за лидерска средба испратено преку медиумите

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека Владата не гледа објективна причина за лидерска средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Митева повторно повтори дека Владата работи во интерес на граѓаните, а како изненадувачки го опишува фактот што СДСМ бара лидерска средба преку медиумите, а не со официјално барање. Во случај ако има официјално барање, тогаш владата нахнадно ќе одлучи.

Митева потсети дека во минатото имавме некапацитетна влада, а тоа не е случај и сега кога власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Несфатливо е како Венко Филипче со рејтинг од само 9,6 отсто сака да оди на лидерска средба, наместо да проба да го подобри сопствениот рејтинг.

Филипче и покрај нискиот рејтинг лидерска средба

Барањето за лидерската средба пристигна од лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој преку телевизиско интервју повика да се одржи итна лидерска средба како одговор на меѓуетничките тензии при прославата на Ден на албанското знаме. Тој упати критики за подгревање меѓуетнички тензии во државата. Филипче од собраниската говорница упати порака до премиерот. Тој вели дека ја прифаќа поканата за предвремени избори по само пет месеци откако се одржаа парламентарните избори. Филипче упати низа обвинувања за Мицкоски.

Сепак, анкетите јасно говорат за нискиот рејтинг на Филипче којшто по тековната случка во Дубаи на журка од пејачот Харис Џиновиќ веројатно ќе биде уште понизок.

(ВИДЕО) „Веселба каква што Дубаи не памти“: Српските медиуми пренесоа детали за забавата каде присуствуваа Филипче и Заев

Анкета на ИПИС од месец октомври

Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, коалицијата на ДУИ има поддршка од 8,5% а на Вреди 7,8%. Следи Левица со 4,8% и Движењето ЗНАМ со 4%.

15,5% од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, 11,6% одбиле да одговорат а 10,6% рекле дека не знаат.

Премиерот Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар. Во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,6% по што следи Филипче со 5,5%.

Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивни впечатоци за работата на премиерот во првите 100% дена додека нешто под една третина негативни.

Над 55% од граѓаните имаат позитивно мислење за првите 100 дена на владата додека 31% негативно.