Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Србија нема да се повтори „македонското сценарио“ по протестот во Нови Сад, каде што Плоштадот на слободата беше обоен во црвено. Протестот беше организиран во знак на сеќавање на железничката несреќа во која загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени.

Вучиќ го спореди овој протест со „шарената револуција“ во Македонија, потсетувајќи на сличните сцени од 2016 година, кога Плоштадот Македонија во Скопје беше обоен во црвено од демонстрантите, како дел од протестите по повод убиството на Мартин Нешковски.

„Мислите дека генијално тоа што ги обоиле бехатон плочките во црвено, кои нема да можат целосно да се исчистат? Мислите дека тоа е нивна идеја? Пронајдете снимка од 2016 година, потполно исто сценарио во Северна Македонија. На потполно ист начин го обоија главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот е секогаш ист, а жртва се народите над кои се спроведуваа шарените револуции“, изјави Вучиќ, додавајќи дека такво нешто нема да се случи во Србија.