Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна средина (АРСО).

Земјотресот е регистриран во 3 часот и 37 минути.

„Проценуваме дека интензитетот на земјотресот не го надмина петтото ниво од европската макросеизмичка скала“, се додава во соопштението.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на осум километри југозападно од Шкофја Лока, во словенечката област Горењска.

Засега нема информации за евентуална штета.