Уапсените во акцијата „Адитив“ изведени пред судија на претходна постапка. Сомнежот е за сторен криминал од 6,5 милиони евра. Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски сè уште не е достапен. Поранешниот директор Васко Стефанов пакм денеска беше спроведен со лисици во судот.
„Работеше како чевлар“
Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев откри детали за Стефанов како еден од уапсените во акцијата „Адитив“. Статусот на Златев прочитајте го во продолжение:
Пред доаѓањето на СДСМ на власт, Васко Стефанов работеше како чевлар во Неготино.
По доаѓањето на СДСМ, си купи диплома од факултет и својата биографија ја збогати со тоа што стана директор на неколку државни институции помеѓу кои Пошти и ЕСМ…Сега го бараат за 26 милиони евра криминал и избегал негде во соседството!
Се ова можеше да биде спречено доколу Васко си останеше чевлар, односно во Македонија некој да одговараше за продавање на дипломи…
Простаците секогаш крадат…, пишува Златев на Фејсбук.
Сепак, утрово Стефанов со лисици беше спроведен во судот.
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова се луѓето кои се уапсени во големата полициска акција во ЕСМ
Распит во Кривичен суд
На распитот во Кривичниот суд за дел од 23-ца осомничени во акцијата „Адитив“, Обвинителството бара мерка притвор. Недостасува екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во странство. 23 лица кои се осомничени се товарат за злоупотреба на службената положба, перење пари, но и злосторничко здружување.