Првиот земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтеровата скала се случил во 1 часот и 46 минути на 16 километри од Призрен, а на 74 километри западно од Скопје. Епицентарот бил на 16 километри југозападно од Призрен, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на тој земјотрес бил на длабочина од десет километри.
Вториот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала се случил околу три часот наутро, а епицентарот бил исто така во регионот на Призрен – 16 километри југоисточно од тој град, на длабочина од 11 километри.
Според првите информации од ЕМСЦ, земјотресите се почувствувани во Приштина, Скопје, Прешево, Бујановац, Куманово, Тетово и други места во тој регион.
Нема информации за евентуална штета. Граѓаните споделуваа на социјалните мрежи за земјотресот.