Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски, ќе присуствуваат на поставување на камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево.

Договорот на инвестицијата е во вкупна вредност од 40 милиони евра и отворање на 600 нови работни места. Во првата фаза инвестицијата изнесува 10 милиони евра, со вработување на 200 лица, најавија од Владата.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.