Боки 13 се откажа од наградната игра на Лазаров
Контроверзната јавна личност Бојан Јовановски – Боки 13 се откажа од наградната игра на инфлуенсерот Стефан Лазаров, а за истото јавно објави преку социјалната мрежа Инстаграм.
Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состоіба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот инстаграм формат GIVEAWAY кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров. Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот. За сите останити прашања, коментари и ставови одговорите ке ги дадам при моето гостуване во lazarovpodcast во вторник на 17.12.2024 во 21 часот. Ви благодарам од срце на сите за вашата најискрена поддршка која ми ја дадовте во огромен број во овој период. Со почит, Бојан Јовановски – Боки 13. П.с бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи, пишува Боки 13 на својот Инстаграм профил.
Вчера нашиот медиум објави дека ваквата наградна игра се одвива незаконски, а т.н. giveaway се организира без да биде обезбедена дозвола за организирање на игри на среќа од Mинистерството за финансии,
Уште вчера Радио Лидер објави дека Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој е осуден на девет години затворска казна во случајот „Рекет“, наместо на издржување на затворска казна слободно се движи надвор, промовира нови песни и без дозвола од Министерството за финансии организира наградни игри.
Како „инвалид од прв степен“ организира наградни игри?
Образложението на здравствените власти е дека тој е инвалид од прв степен и нема услови да лежи во затвор, но затоа, инвалидот од прв степен може да организира наградни игри и да промовира нови музички нумери. Прашањето кое се поставува е дека дали истото лице, сега надвор од затвор има кард-бланш да прави нови кривични дела без притоа да биде вратено во Идризово?
Боки 13 го пуштил Лазаров низ вода пред УЈП: Јас сум овде само гостин!
Партнер во дејството му е инфлуенсерот Стефан Лазаров кој на пошироката јавност и стана познат по обвиниението за ширење на омраза кон жените во неговиот подкаст.
Што прават Боки 13 и Лазаров?
Без да имаат обезбедено дозвола за организирање на игри на среќа од Mинистерството за финансии, осудениот престапник Бојан Јовановски и обвинетиот престапник Стефан Лазаров организираат игра на среќа насловена како GIVAWAY 007, според кој ќе доделуваат автомобили, ајфони и стан во Скопје.
Законот е прекршен
Јасно е дека Лазаров и Боки 13 го прекршиле законот, затоа што продаваат билети во замена за GIVEAWAY.
Согласно членот 2 од законот за организирање на игри на среќа, Лазаров и Боки 13 морало да ја пријават нивната наградна игра. Во ставот 1 јасно пишува:
-Игра на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување на добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта ислучиво или претежно зависи од случаноста или од некој иден неизвесен настан во играта. – стои во законот.
Јасно е дека тука вие непосредно се стекнувате со право да учествувате во наградната игра доколку купите билет на Гала Вечерите на Лазаров и Боки 13.
Во ставот 18 од истиот член пишува:
-Наградни игри се игрите на среќа заради рекламирање на производи и услуги кои ги приредува едно трговско друштво или повеќе трговски друштва, на начин определен од страна на приредувачот на игри на среќа (на вообичаен начин, електронски начин, на пад на мобилен уред, интернет и слично) со јавно објавување на на условите за учество на играта на среќа утврдени со правилата на игра, кои што приредувачот на играта на среќа се обврзува на извлечените добидници да им ги додели наградите во предмети, пари или права. – стои во законот.