Поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски на социјалните мрежи изрази поддршка за полициските акции
Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи, написа Јовановски на социјалните мрежи.