Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Труција кои традиционалнo се пријателски и се значајни за двата народи, соопштија од Министерството за транспорт.

На средбата се разговарало и за актуелните состојби меѓу двете земји, традиционалното пријателство меѓу државите и силната соработка.

Вицепремиерот Николоски истакнал дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.

На средбата станало збор и за инвестициската програма на Владата во делот на капиталните проекти, а се отворило и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изразил благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Труција и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.