Нови авиолинии од Скопје до европски метрополи
Пред два дена беа пуштени во продажба билети за нови авиолинии од скопскиот аеродром до Брисел, Лион и Барселона. Овие линии ја подобруваат поврзаноста на главниот град.
Економски раст и нови инвестиции
„Со раст од 3% на бруто-домашниот производ, нашата земја се наоѓа меѓу најдобрите во Европа. Економските мерки на Владата носат позитивни резултати, а од следната година се предвидува уште поголем раст,“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Субвенции за велосипеди и почиста животна средина
Министерот Александар Николоски најави дека од 2025 година ќе бидат достапни субвенции за купување нови велосипеди.
„Со овие мерки, значително ќе придонесеме за почиста животна средина и поддршка на здрави навики кај граѓаните,“ посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
Евтини летови во фокусот на министерот Николоски.
„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт
Ветувањата се остваруваат, Македонија се развива
🛫 Визер почнува со продажба на карти за новите авиолинии кои се субвенционирани од министерство за транспорт
Продолжуваме со вториот повик за нови авиолинии и веќе сме во интензивни разговори со повеќе авио компании, напиша Николоски.
Инфраструктурен бум
Целосен инфраструктурен бум ѝ се случува на Македонија. Промовирани два големи проекти. Првиот е проектот со кој ќе се патува преку автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево, а се промовираше и големиот проект на патниот правец од Прилеп до Битола кој ќе се прави како дел од коридорот 10д.
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минити, до Битола за час и половина
Од Скопје до Охрид час и половина, Скопје до Битола час и половина, Скопје до Прилеп час и 10 минути
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ги соопшти деталите за двата проекти. Првиот голем проект ќе направи од Скопје до Охрид да се патува за час и половина, а вториот проект од Скопје до Прилеп да се патува за час и десет минити, до Битола за час и половина.
Пелгагонискиот регион ќе добие нова слика
Со интензивирањето на работите на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10 пелагонискиот регион ќе добие нова слика. Се врши експропријација и деминирање на теренот. Треба да биде готов за 3 години.
Работа на терен
На автопатската делница Прилеп-Битола од околу 40 километри фронт на работа се 6. Од 1.300 парцели екпроприрани се 850, а од 500 хектари, на 100-тина се отстранети експлозивни направи, со помош на Армијата. Од досега најдените околу 19.500 можни експлозивни материјали, се извадени 200. Се интензивираат работите на автопатот што е дел од Коридорот 10.
Трасата на новиот автопат, главно ја следи сегашната. Автопатот обезбедува економски развој во општините во југозападниот регион.
До 2027 година проектот ќе биде готов
Автопатот треба да биде готов за три години. Заедно со експресниот пат Градско-Прилеп кој се гради во три етапи и треба да биде готов за една година, целосно ќе ја промени реалноста во регионот.