Фолксваген во договор со синдикатите најави отпуштање на повеќе од 35.000 работници во иднина и значително намалување на производниот капацитет.
Лидерите на синдикатот рекоа дека во моментов нема да има затворање на фабрики или отпуштања, а компанијата се откажа од барањето за намалување на платите за 10 отсто.
Договорот за суштински промени во работењето на германскиот автомобилски гигант спречува масовни штрајкови.
Фолксваген преговара со претставниците на синдикатот од септември за мерките за кои вели дека се неопходни за да остане конкурентен со поевтините кинески ривали, да се справи со слабата побарувачка во Европа и побавното префрлање на возачите кон електрични возила.
Во изминатиот месец, околу 100.000 работници веќе одржаа два одделни штрајкови, најголеми во историјата на Фолксваген, во знак на протест против плановите за намалување на трошоците.
– По долги и интензивни преговори, договорот е важен сигнал за идната одржливост на брендот Фолксваген – најави извршниот директор на групацијата Фолксваген, Оливер Блуме.
Од компанијата најавија дека договорот на среден рок ќе овозможи заштеда од 15 милијарди евра годишно