На денешното вонредно изборно собрание, Масар Омерагиќ беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Како единствен кандидат, Омерагиќ ја доби довербата од делегатите со акламација.
„Фудбалот е тимска работа и нема успех без заеднички напор. Мојата цел е да ги вратиме легендите во ФФМ, да го популяризираме фудбалот кај младите и да ја обновиме инфраструктурата, со воведување на ВАР технологија и подобрување на стадионите“, изјави Омерагиќ. Тој истакна и дека ќе работи на максимална соработка со УЕФА, ФИФА и локалните власти.
На Собранието беше констатирана и оставката на претседателот Муамед Сејдини, кој се обрати и ја изрази својата поддршка за новото раководство. Претставниците од УЕФА и ФИФА го честитаа успехот на македонската репрезентација во Лигата на нации и изразија надеж за понатамошен развој на фудбалската инфраструктура во земјата.