Над 3000 аеродромци во саботата уживаа во прекрасниот предновогодишен настан „Аеродром пулсира vol.3“ што се одржа пред платото на Џевахир мол.

За целиот спектакл да тече беспрекорно се погрижи нашиот познат водител Марко Новески. Сите генерации во еден глас ги пееја безвременските хитови на легендарните Игор Џамбазов и Гури Харе кои на свој уникатен начин внесоа посебна топлина меѓу публиката.

Потоа, на сцената настапи Тони Зен кој успеа вистински да ги размрда присутните, а посебно воодушевување кај помладата публика предизвикаа Лара и Пајак со нивните актуелни хитови.

Безвременската Каролина Гочева донесе посебна магија во вечерта и со својот моќен глас, како и секогаш, никого не остави рамнодушен.

„Аеродром пулсира Vol.3“ заврши со спектакуларен огномет и со тоа полека ја заокружуваме 2024, со надеж дека 2025 ќе биде уште поуспешна година за сите.