Филипче обвинува: Шест месеци Влада, шест месеци измами и осиромашување
За шест месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ, едно е јасно – економска несигурност и слабеење на животниот стандард на граѓаните. Трошоците растат, платите стагнираат, а граѓаните осиромашуваат.
Филипче: Етнички поделби, партизација и токсични наративи
Партизацијата добива епидемиски размери. За само шест месеци, ВМРО-ДПМНЕ ја зароби државата и клучните институции во судството и безбедноста. Во овој период, ВМРО-ДПМНЕ успеа да го затруе јавниот простор со етнички теми, наративи и поделби. Стратегијата на ДУИ за создавање етнички тензии најмногу одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сојузници во власта. СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме против политики кои носат пад на животниот стандард и зголемена економска несигурност. Наша цел е граѓаните повторно да бидат во центарот на политичките одлуки, нудејќи реални решенија за подобрување на животниот стандард и развој на државата, обвинува Филипче.
Анкетите го велат спротивното: Мицкоски со најголем рејтинг, граѓаните задоволни од власта
Анкетата на ИПИС, Институтот за политички истражувања Скопје открива дека половина од граѓаните ја гледаат иднината на Македонија со умерен оптимизам, додека криминалот и корупцијата се оценети како најитен проблем. Повеќе од 50% поддржуваат уставни измени со одложено дејство, а довербата во политичарите предничи кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додека значителен дел граѓани не веруваат на ниту еден политичар.