Во Јагодина, припадниците на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) го ликвидираа Саша Милосављевиќ (46), осомничен за убиството на сопственикот на кафеаната „Круг“ и за тешко ранување на друго лице.
-
„Припадниците на САЈ го ликвидираа Саша Милосављевиќ (1977) во Јагодина, кој попладнето уби едно лице, а друго тешко рани. При обидот за апсење, убиецот пукаше врз полицаец, по што беше неутрализиран,“ изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесува Курир.
Овој инцидент е кулминација на конфликт што започнал минатата недела во истата кафеана, позната по чести расправии и инциденти.
Детали за престрелката
Попладнето, Саша Милосављевиќ отворил оган во кафеаната „Круг“, застрелувајќи го сопственикот Дејан Михајловиќ (56), кој подоцна им подлегнал на повредите, и тешко ранил друго лице. По нападот, Милосављевиќ избегал и се криел, пред да биде лоциран од полицијата.
-
„При апсењето, Саша отвори оган врз полицијата. Во самоодбрана, специјалците одговорија и го ликвидираа,“ додава извор блиску до истрагата.
Ликвидиран Саша Милосављевиќ
Во обемната акција, полицијата и САЈ го блокирале подрачјето, по што го лоцирале напаѓачот. Милосављевиќ пукал кон полицијата, по што специјалците го неутрализирале.
Случајот ги потресе жителите на Јагодина, а според локалните медиуми, кафеаната „Круг“ одамна била позната како проблематично место со чести тепачки и конфликти.