Видео со кадри од конфликтната 2001 година во кој главен лик е Али Ахмети се споделува од членови, функционери и од партиски групи на ДУИ. На снимките, Ахмети е во униформа на УЧК и порачува дека досега не загубил ниту една војна.

Темата етнички тензии, ДУИ ја користи веќе неколку месеци особено откако беше укинат балнсерот и поради предметот во Уставен суд во врска со Законот за јазици. Од владеачката колација, и од ВМРО-ДПМНЕ и од ВЛЕН постојано велат дека ДУИ ја користи оваа тема за да спаси дел од нејзините функционери од кривичен прогон.