Нема ништо спорно во процесот на издавање на националниот и НАТО безбедносниот сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христоски. Според Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, сите законски предуслови за издавање на овие сертификати биле исполнети, вклучувајќи и ригорозните проверки од страна на надлежните служби на НАТО Алијансата.
-
„Во врска со директорот на АНБ, Бојан Христоски, одговорно тврдам дека сите правни критериуми за издавање на национален и НАТО безбедносен сертификат се целосно задоволени,“ изјави Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Процедура за добивање на безбедносни сертификати
Славески ја објасни деталната процедура за издавање на национален и НАТО безбедносен сертификат.
- Поднесување на барање: Започнува со поднесување барање преку офицер за безбедност, кој поднесува образложение за потребата од сертификатот.
- Административни проверки: Утврдување на идентитетот, возраста, државјанството, деловната способност, неосудуваноста и обученоста за ракување со класифицирани информации.
- Безбедносни проверки: Се спроведуваат подетални проверки за идентификација на евентуални ризици, а доколку е потребно, се бараат дополнителни проверки или документација.
- Проверка од НАТО службите: По завршување на националните проверки, се издава национален сертификат, по што се врши безбедносна проверка од надлежната служба на НАТО.
-
„Дирекцијата издава сертификат за пристап до класифицирани информации на НАТО, но само по извршување на дополнителни безбедносни проверки од службите на НАТО. Резултатите од проверката, кои можат да бидат позитивни или негативни, ги добиваме од Алијансата,“ додаде Славески.
Случајот со Бојан Христовски
Славески потврди дека во случајот на директорот на АНБ, Бојан Христоски, се поминати сите овие процедури, вклучувајќи ја и проверката од страна на НАТО службите. Обвинувањата дека Христоски сам си издал сертификат ги оцени како неосновани.
-
„Целата процедура е спроведена според строгите законски прописи, без никакви неправилности. Резултатите од проверките, и од националните и од службите на НАТО, потврдија дека нема пречки за издавање на сертификатот,“ рече Славески.
Стојан Славески е директор веќе 8 години и на оваа функција уште од времето на СДСМ