Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци.

„Во периодот додека трае интервенцијата, останатите системи на УЈП ќе бидат во функција, и даночните обврзници непречено ќе можат да поднесуваат пресметки за исплата на личен доход во е-ППД, вклучително и пресметки за плата (МПИН).

Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршувањето на активностите, системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција.

Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнувањето на интервенцијата.

Ви благодариме за вашето разбирање и трпение. Вашата соработка е од исклучителна важност, а целта е усовршување и оптимизација на системот е-Даноци за да ви овозможиме уште поефикасни и побезбедни услуги, се вели во соопштението на УЈП.