Собранието ја констатира оставката на Илире Даути
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. Таа денеска побара да ја образложи својата неотповиклива оставка во рамки на 30-та седница, откако минатиот петок беше изгласана нејзината интерпелација.
РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ДАУТИ: Правна и политичка дебата во Собранието
Протест на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
Пред Даути да ја образложи својата оставка, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала, изразувајќи протест.
Образложение на оставката
Образложувајќи ја својата оставка, Даути истакна дека тоа претставува врв на срамот што се случил во Собранието.
„Моето дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3, кој подразбира дополнителни услови како да дејствуваат институциите. Нема да прифатам различни услови на дејствување надвор од Деловникот. Избирам да дејствувам слободно, без условувања, и да ги заштитам вредностите на демократијата и слободата. Така дејствував и кога го донесовме Законот за државјанство, кога искористувајќи ги сите механизми, го одблокиравме и донесовме законот,“ изјави Даути.
Интерпелацијата на Даути
Интерпелацијата против Даути беше поднесена од пратеничката група Левица, а Собранието утврди дека наводите во интерпелацијата се основани. На седницата кога се гласаше за интерпелацијата, не присуствуваа пратениците на СДСМ.