Медиумите од Хрватска денеска информираат дека по натпреварот македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа.
„На раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти сите возила кои се движат по тој пат. Поради тоа, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на патничко возило управувано од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница“, соопштија од полицијата во Вараждин.
За среќа во несреќата немало повредени, а подоцна било утврдено дека македонскиот државјанин имал 1,13 промили алкохол во крвта.