Седмиот тест лет на Старшип, проект на компанијата СпејксИкс, заврши неуспешно, со губење на леталото по серијата на технички потешкотии. Леталото успешно се одвои од ракетниот засилувач Супер Хеви и ги придвижи своите шест мотори, но проблемите почнаа по пет минути од одвојувањето. Најпрво откажа еден од внатрешни мотори, а секунди подоцна се јавија дефекти и кај останатите.
Success is uncertain, but entertainment is guaranteed! ✨
pic.twitter.com/nn3PiP8XwG— Elon Musk (@elonmusk) January 16, 2025
До осмата минута од летото, речиси сите мотори престанаа со работа, па контролниот тим на СпејсИкс ја загуби можноста за управување со леталото. Потврдата дека Старшип е загубен дојде по 10 минути од лансирањето.
Holy crap!!!! This is a view of Starship breaking up from an airplane!
pic.twitter.com/KteXEfvuWS— Lincoln (@MobofJoggers) January 17, 2025
Флајтрадар24, специјализирана интернет платформа за следење на воздушниот сообраќај, објави на социјалните мрежи за пренасочување на авиони во подрачјето на уништување на Старшип. Социјалните мрежи се преплавени со објави за наводни остатоци од леталото кои паѓаат над Карибите.