Министерството за дигитална трансформација засега не планира забрана за ТикТок во Македонија
Министерството за дигитална трансформација во моментов не размислува за воведување на ограничувања или целосна забрана за употреба на платформата ТикТок во Македонија, по примерот на Албанија.
„Доколку мерките за намалување на штетните влијанија не дадат резултати, ќе се разгледа можноста за целосна забрана на ТикТок, но тоа би бил последниот чекор што Владата би го презела,“ изјави министерот за дигитална трансформација, Андоновски.
Во меѓувреме, педагошките служби во училиштата добиле упатства за едукација на учениците за последиците од учеството во опасните „ТикТок предизвици“. Оваа мерка следува по серијата инциденти со тинејџери кои се повредени додека учествувале во вакви активности поттикнати од платформата.
Целосна блокада на ТикТок во Албанија: Владата презема радикални мерки по убиството на ученик
Национална стратегија за справување со хибридни закани
Со цел справување со дезинформациите, хибридните закани, како и честите дојави за бомби, Владата усвои тригодишна Национална стратегија за сајбер безбедност. Во рамките на оваа стратегија, ќе биде формиран Совет за сајбер безбедност и Централен систем за одговор на инциденти, кој ќе има задача брзо и ефикасно да реагира на сите потенцијални закани.