Вчерашниот инцидент на Канал 5 Телевизија меѓу професорите Мирјана Најчевска и Петар Богојевски останува да биде актуелен и денеска.

(ВИДЕО) „Глуп си како точак“: Мирјана Најчевска упати погрдни зборови до Петар Богојевски, па замина од емисија

Откако професорката Мирјана Најчевска го напушти студиото на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија се огласи на социјалните мрежи зошто го направила тој чекор. Таа не се извини како што многумина очекуваа за несоодветниот вокабулар, туку рече дека соговорникот шири лажни вести и посочи кои се тие.

Најчевска додаде дека во иднина нема да гостува на Канал 5 телевизија, а имаше и низа забелешки кон новинарката. Најчевска рече дека не сака да разговара со, како што вели, „поддржувачи на криминалецот Трамп“.

Се огласи и Петар Богојевски. Тој пак, се извини во име на професорката Најчевска и ѝ посака добро здравје.