Вчерашното станување од дебата на професорката Мирјана Најчевска и упатување погрдни зборови кон Петар Богојески останува да биде топ тема во македонската јавност.

(ВИДЕО) „Глуп си како точак“: Мирјана Најчевска упати погрдни зборови до Петар Богојевски, па замина од емисија

Ваквото тврдење на професорката Најчевска го инспирираше новинарот Љупчо Златев да ја елаборира оваа полемика. Преку сатиричен коментар Златев ја искоментира тезата „глуп си како точак“.

Пред да излезе од студиото на Канал 5, Мирјана Најчевска рече дека одбива повеќе да дебатира со Петар Богојески, затоа што е глупав како точак. Следејќи ја научната етика, имам една огромна забелешка на изнесеното. Имено, со ова тврдење професорката Најчевска имплицира дека точаците се глупави. Сепак, оваа импикација беше изнесена без соодветен научен доказ и референца. Вџашен сум од оваа научна недоследност и овој говор на омраза. Зошто овие благородни и еколошки превозни средства вака неосновано да се навредуваат?, пишува Златев.

По скандалот се огласија и двајцата вмешани во истиот. Петар Богојески ѝ посака добро здравје на професорката Најчевска, а таа пак продолжи да кажува и да објаснува „зошто Богојески е глуп како точак“ и што ја натерало да стане од емисија.

Најчевска се огласи зошто го напуштила студиото на „Само вистина“: Немам намера да зборувам со поддрувачи на криминалецот Трамп, соговорникот шири лажни вести

Останува да видиме дали истите соговорници ќе бидат дел од некоја следна дебата или пак целата ситуација ќе застане овде.