Под слоганот „ВМРО прави, Заев се фали“, младите од ВМРО-ДПМНЕ го потсетија премиерот Зоран Заев дека проектот за оваа делница е започната во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека токму овој проект реализиран благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Експресниот пат Штип – Радовиш на кој што денес се наоѓаме е целосен проект на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите активности неопходни за реализација на овој пат се обезбедени од претходната Влада.
Уште во 2015-тата година се обезбедени средства и целосно е изготвен проектот за изградба на експресниот пат.
-Социјалдемократскиот сојуз на готово доби изведувач на работите на овој пат, и заради нивната неспособност не успеаја да ги завршат на време како овој проект, така и останатите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Јорданов