Жителите на Хром денеска излегоа на мирен протест во општината Ѓорче Петров поради неконтролираното градење и владеење како што велат на урбаната мафија во оваа населба недалеку од центарот на градот.
Тие ја блокираа улицата која води во населбата со своите автомобили, а дел од нив и дадоа изјави обвинувајќи го градоначалникот Александар Наумовски за оваа состојба која владее во Хром.